Wednesday, June 1, 2011

Мурињо повторно го повикува Маикон ?


Бразилецот е на мета на Мадрид веќе долго време. Сега е најблиску до напуштање на Џусепе Меаца. Дестинација - Мадрид? Реал Мадрид го обнови интересот за Даглас Маикон, десниот бек на Интер. Флорентино Перез сака да го донесе од претходно, а и знае се да Маикон е голема желба на Жозе Мурињо.
Медиите од Италија велат дека Маикон не е среќен во Интер и да ова лето може да го напушти Интер за 20 Милиони евра.
"Посебниот" работеше со него кај "неразурите" и има убаво мислење за него како фудбалер, али му треба поради некои тактички замисли, каде што би можело Серхио Рамос од десен бек да се пресели во срцето на одбраната.

Стидо Спорт : Тиаго Мота и 20 милиони евра за Де Роси !?


Денешното издание на "Студио Спорт" да е вистина би било сензационално. Вести од Италија спорт тврдат дека Интер и Рома ќе направат замена во средниот ред, со Тиаго Мота и 20 милиони евра во кеш за Даниеле Де Роси. Оваа вест дојде само неколку часа по изјавата Дарио Cанова, италијанско - бразилски агент, неговиот клиент би сакал да игра во главниот град. Цената на Де Роси изнесува околу 40 милиони евра, додека цената на Тиаго Мота е околу 15 милиони евра.

Размена : Тиаго Мота - Мирко Вучинич ?


Денеска излезе шпекулација дека е можна размена помеѓу цетралниот играч на Интер - Тиаго Мота и напаѓачкиот играч на Рома - Мирко Вучинич , дали оваа размена ќе се оствари останува да видеме во наредните денови.

Tuesday, May 31, 2011

Паолило: Леонардо останува во Интер !


Шефот на италијанскиот гигант Интер, Ернесто Паолило, изјави дека тренерот Леонардо останува во тимот и во текот на наредниот период. Задоволни сме од работата која ја заврши Леонардо во текот на изминатата сезона“, изјави директорот на миланскиот гигант.Леонардо имаше огромна храброст при прифаќањето на менаџерската фотелја во Интер, но тој не се поколеба. Можеби неговото искуство како тренер не е големо, но Лео докажа дека е менаџер од висока класа. Неговото доаѓање во Интер значеше почеток на еден нов проект во нашиот развој кој ќе продолжи и понатаму“, вели Паолило.

Aг. Ето: "Eto e среќен во Интер сака да остане"


По неговите зборови и оние на претседателот Масимо Морати, потврда за неговото останување во Интер за наредната сезона доаѓа и од агентот на Самуел Ето - Клаудио Вигорели, "Иднината на Самуел Ето е во Интер и тој е среќен. Одговорот лежи во зборовите на Морати. Тој сака да ја продолжи традицијата на освојување со дресот на Интер и нема намера да си оди ", потврди Вигорели.

Ова е тежок период за мене и благодарен сум им на фановите !


Во текот на вчерашниот ден почина мајката на Хавиер Занети, по што капитенот замина за Аргентина. Но уште веднаш илјадници пораки беа испратени до Занети од многуте фанови на Интер, а Аргентинецот им се заблагодари на фановите.

Фановите преку социјалните мрежи изразија сочувство и поддршка до капитенот на Интер, а Хавиер Занети преку официјалната веб страница на Интер им се обрати на сите.

„Почина мојата мајка, а ова е многу тежок период за мене, но сакам да им се заблагодарам на сите, особено на фамилијата Морати, тренерот Леонардо, сите во клубот и фановите за нивната поддршка. Тоа се луѓе кои многу им помогнаа на мојата фамилија.“

„Топло им се заблагодарувам и на фановите на Интер од целиот свет кои ја споделуваат болката која што ја чувствувам. Денес, повеќе од било кога, благодарен сум им на сите за љубовта која што ми ја даваат. Тоа е вредност за која што сакам да ја возвратам во иста мера.“ - гласи соопштението на Занети.

Редакцијата на fcinter.com.mk, во име на сите фанови на Интер во Македонија изразува сочувство и поддршка до капитенот Занети!