
Во текот на вчерашниот ден почина мајката на Хавиер Занети, по што капитенот замина за Аргентина. Но уште веднаш илјадници пораки беа испратени до Занети од многуте фанови на Интер, а Аргентинецот им се заблагодари на фановите.
Фановите преку социјалните мрежи изразија сочувство и поддршка до капитенот на Интер, а Хавиер Занети преку официјалната веб страница на Интер им се обрати на сите.
„Почина мојата мајка, а ова е многу тежок период за мене, но сакам да им се заблагодарам на сите, особено на фамилијата Морати, тренерот Леонардо, сите во клубот и фановите за нивната поддршка. Тоа се луѓе кои многу им помогнаа на мојата фамилија.“
„Топло им се заблагодарувам и на фановите на Интер од целиот свет кои ја споделуваат болката која што ја чувствувам. Денес, повеќе од било кога, благодарен сум им на сите за љубовта која што ми ја даваат. Тоа е вредност за која што сакам да ја возвратам во иста мера.“ - гласи соопштението на Занети.
Редакцијата на fcinter.com.mk, во име на сите фанови на Интер во Македонија изразува сочувство и поддршка до капитенот Занети!
No comments:
Post a Comment